„Одбив бесплатно да ги чувам децата на сестра ми – сега таа е лута за сумата што ја побарав“

Повеќето бебиситерки се пријатели и семејство, а 51% од луѓето кои се грижат за деца не заработуваат пари за тоа. Грижата за децата е голема работа и може да биде тешко да се најде доверлива дадилка, па затоа родителите често се потпираат на оние на кои им веруваат најмногу.

Но, оваа 28 годишна сестра бара совет за тоа што се случило околу чувањето на децата.

 

„Моето име е Ана, имам 28 години и работам флексибилна работа што ми овозможува да работам од дома. Минатиот викенд сакав да поработам за после тоа да имам полабав распоред низ работната недела.

Во Петокот ми се јави сестра ми, Ема, која во последно време едвај ја гледам. Ме праша дали ќе може да ги чувам нејзините 3 мали деца за време на викендот затоа што таа и маж ѝ испланирале спонтано патување. Ѝ кажав дека сум зафатена и дека имам други планови, но Ема се понуди да ми плати за да ги чувам. Тогаш реков дека ќе ги чувам за 25 долари на час, што е многу помалку од тоа колку заработувам на мојата работа за еден час. Но Ема се навреди за сумата што ја побарав велејќи дека дадилките земаат многу помалку и плус јас сум ѝ сестра. Ѝ објаснив дека планирав да работам викендот и ако ги чувам децата нема да можам да го направам тоа.

Откако ме нарече себична ми спушти и подоцна добив порака од зетот дека требало да го откажат патувањето поради мене.

Се надевам можете да ми помогнете и да ми дадете совет како да ги поправам работите со сестра ми после нашата караница“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *