„Одбивам да ги избричам влакната под пазувите, но луѓето ми викаат дека ќе умрам сама“
Ники Серенити од Сент Луис, Мисури, е позната по своите „контроверзни“ влакнести пазуви, што често ги нервира луѓето, но 27-годишната не се грижи за троловите и нивните непожелни мислења.
„Се сеќавам како една жена ми кажа дека ќе умрам сама поради влакната“, открива Ники.
За жал, нејзината одлука да не се бричи привлекла и луѓе со фетиш за влакнесто тело, па понекогаш морала да блокира навредливи и непримерни пораки.
„Горда сум на својот изглед и не се чувствувам несигурно поради тоа. Но се надевам дека луѓето ќе сфатат дека во мене има многу повеќе отколку само влакна.“, вели таа самоуверено.
Ники открива дека нејзините следбеници се „разочарани“ кога ќе се избричи, па затоа тоа ретко го прави. Се за фановите нели? 🙂
„Еден дури ми рече дека на тој начин губам сè за што се залагам. Иако повеќе ми се допаѓа да не се бричам, она за што навистина се залагам е правото секој сам да одлучи – дали ќе ги задржи или ќе ги отстрани влакната.“
Кога била помлада, една пријателка ѝ рекла дека „изгледа како горила“.
Денес верува дека секоја жена треба барем еднаш да се обиде да ги пушти влакната под пазувите.
„Како тинејџерка, често го покривав телото од несигурност. Луѓето секогаш имаа коментари за мојот изглед. Мразев да носам шорцеви на часот по физичко бидејќи влакната ми растеа многу брзо. Се плашев дури и од најмало пораснато влакно, мислејќи дека некој ќе го забележи и ќе ми се потсмева“.
Пресвртницата за неа била кога го запознала своето момче, професионален фотограф кој работел со модели, вклучувајќи и такви што имале влакнести пазуви.
Љубопитна, Ники решила да го испроба тоа за фотосесија и, на изненадување, ѝ се допаднало како изгледа со природни пазуви.
„Го прашав дали му пречи ако ги пуштам влакната, а тој, се разбира, рече дека воопшто не му смета. Мислев дека тоа ќе биде само за една фотосесија, но на крај се заљубив во природниот изглед, на начин што никогаш не го очекував.“
На сите што се заморени од постојаното бричење, Ники им порачува:
„Можеби ќе откриете дека ќе стекнете повеќе самодоверба и подобра слика за себе, исто како што се случи со мене. Но, ако не е за вас – тоа е сосема во ред. Бидете свои и не срамете се од глупави нешта што никому не му наштетуваат. Тоа се само влакна – нешто што сите го имаме!“
Коментирај анонимно