Можете ли да одговорите на 10 прашања од „Кој сака да биде милионер?“, кои би ви ја донеле главната награда?

Дали има некој меѓу нас кој не гледал „Кој сака да биде милионер?“? Не веруваме. Татковината на оригиналниот формат на оваа програма е Велика Британија. Првото издание на ТВ-шоуто беше објавено во 1998 година, денес повеќе од 100 земји ја поседуваат лиценцата за производство на истото. Најголем број победи има во Јапонија, каде главната награда била земена 38 пати. Во различни земји различни прашања им ја донеле победата на играчите, па да погледнеме неколку од „најнезгодните“ прашања за главната награда. Точните одговори на прашањата можете да ги најдете на втората страна.

10. Кој бил мажот кој служел како модел за познатата слика „Американска готика“ од Грант Вуд?

A: Трговски патник

Б: Локален шериф

В: Неговиот стоматолог

Г: Неговиот месар

9. Од кои плодови можете да добиете копра?

A: Ананас

Б: Цреша

В: Кокос

Г: Кајсија

8. Како се нарекува број кој има сто нули?

A: Гугол

Б: Мегатрон

В: Гигабит

Г: Наномол

7. Кој хемиски елемент сочинува повеќе од половина од телесната тежина на човекот?

А: Јаглерод

Б: Калциум

В: Кислород

Г: Железо

6. Кој дел од телото се нарекува “атлас”?

А: Мозок

Б: Седум пара ребра

В: Вратен прешлен

Г: Дел од рамото

5. Колку коцки има во рубиковата коцка?

А: 22

Б: 24

В: 26

Г: 28

4. Што нацртал Јуџин Сернан, последниот човек до денес на Месечината, на нејзината површина?

А: Симбол на мирот

Б: Иницијали на ќерка му

В: „Господ да ја благослови Америка“

Г: „Јуџин беше тука“

3. Што е прикажано во позадината на Мона Лиза на Леонардо да Винчи?

А: Драперија

Б: Пејзаж

В: Град

Г: Стадо овци

2. Кое е значењето на хавајскиот збор „вики“ во Интернет-енциклопедијата „Википедија“?

А: Едноставно

Б: Брзо

В: Научено

Г: Мало

1. Колку мориња има околу Балканскиот Полуостров?

А: 3

Б: 4

В: 5

Г: 6

Одговорите се на втората страна!