Повеќе НЕ МОРА да вежбате! Научниците се чекор поблиску до создавање таблета која ќе го замени вежбањето

Научниците велат дека се чекор поблиску до развој на пилула која може да го имитира ефектот на вежбањето врз телото.

Тие идентификуваа матична клетка во телото што се претвора во машина за складирање маснотии кога луѓето јадат висококалорична храна.

Истражувачите откриле дека вежбањето може да го смени овој ефект.
Тие се надеваат дека откритието ќе биде искористено за измислување лекови кои ги таргетираат овие матични клетки и ќе ја постигнат истата цел.

 

Водечкиот автор на студијата, д-р Манолис Келис, од Технолошкиот институт во Масачусетс, вели: „Исклучително е важно да се разберат молекуларните механизми кои се двигатели на корисните ефекти на вежбањето и штетните ефекти на исхраната со висока содржина на масти. Но, може да поминат години пред таблетата да се појави на полиците, но засега нема ништо подобро од вежбање и здрава исхрана“, велат од тимот.
Околу 4 од 10 мажи и жени во САД се дебели, што го чини здравствениот систем околу 173 милијарди долари годишно. Во Обединетото Кралство, секој четврти возрасен е дебел, што го чини нивното здравство 6,5 милијарди фунти годишно.Бројките се зголемуваат со децении, и покрај тоа што властите се обидуваат да промовираат здрав начин на живот.

Истражувачите три недели хранеле две групи глодари со храна богата со масти или нормална. Тие потоа беа поделени во неактивна и вежбачка група, која имала постојан пристап до лента за трчање, цели три недели.

Истражувачите набљудувале три вида ткиво кај глувците – скелетни мускули, висцерално бело масно ткиво, складишта на маснотии околу внатрешните органи и поткожно бело масно ткиво, кое согорува маснотии. Тие откриле дека во сите три вида ткиво, мезенхималните матични клетки (MSCs), кои можат да се трансформираат во други типови на клетки, се чини дека ги контролираат ефектите од исхраната и вежбањето. Исхраната богата со маснотии ја зголеми нивната способност да се претворат во клетки што складираат маснотии, додека вежбањето има спротивен ефект.

Човечки волонтери исто така даваат примероци од крв за истражувачите да можат поблиску да ја проучат разликата помеѓу луѓето и глувците. Тимот, исто така, откри дека вежбањето и исхраната богата со маснотии имаа влијание врз деноноќниот ритам на глодарите.

Д-р Келис сепак вели: „Пораката за сите треба да биде, да јадете здрава исхрана и да вежбате што е можно повеќе“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *