Официјално е, на жените не им е лесно! 10 смешни случки кои отсликуваат што значи да се биде жена

Да се ​​биде модерна жена значи прифаќање на комплексноста и можностите на современиот свет, а истовремено предизвикувајќи ги традиционалните родови улоги и очекувања. Тоа вклучува стремеж кон образование, амбиции за кариера и личен раст, често заедно со одговорностите на семејството и домашниот живот. Понекогаш, само смислата за хумор може да помогне да се ублажи тензијата што доаѓа од секојдневната рутина да се биде жена.

1.

Еден Божиќ татко ми ми даде шпил тарот карти кои имаше навика да ги носи на дружби си пријатели пред да се родам јас. Ми кажа дека морал да престане да ги користи затоа што продолжувал да открива дека жените се бремени пред тие да бидат спремни да кажат на луѓето.

2.

Бев нервозна и маж ми ме праша да не треба да добијам и јас реков „САМО ЗАТОА ШТО ЖЕНАТА Е НЕРВОЗНА НЕ ЗНАЧИ ОДМА ДЕКА ТРЕБА ДА Ѝ ДОЈДЕ ЦИКЛУСОТ“, но потоа навистина ми дојде и јас морав да се преправам дека не ми дошол за да не мора да признаам дека навистина поради тоа бев напната.

 

3.

Маж ми немаше Snapchat и го убедив да инсталира затоа што „ќе биде забавно“ и првото барање што го доби беше од неговата бивша девојка, па јас го избришав Snapchat- от на маж ми, затоа што што ќе му е на возрасен човек некаков си глуп Snapchat.

4.

Автомеханичарот ме праша дали треба да му се јавам на маж ми пред да ги купам новите гуми за автомобилот, а јас го прашав каде е ротациониот телефон за да можам да се јавам во 1950-тите.

5.

Пред да се симнам му кажав на шоферот на автобусот дека е секси, затоа што си реков животот е краток зошто да не.
Но сега тој е истиот шофер и на автобусот за назад, па после се испадна дека животот е долг.

 

 

6.

Кога маж ќе ми каже дека бара „вистинска жена“, јас брзо бегам затоа што јас всушност сум два мајмуни во мантил и ТОЈ НЕ СМЕЕ ДА ДОЗНАЕ.

7.

Секое утро мојата 2-годишна ќерка седи на креветот и вика „ПОМОШ, СЕ РАЗБУДИВ“ и мислам дека сите можеме да се поистоветуваме со тоа.

8.

Бев опишана како „интроверт“ од многу мажи со кои не сакав да разговарам.

 

 

9.

Минатата ноќ јас и маж ми излеговме на пијачка за да прославиме еден месец како сме во брак и се одлучиме да играме како да сме странци на прв состанок.
После некое време една жена во тоалетот ми пријде и ми рече „Извини ама ве гледав.. Навистина е смешно колку го мразиш дечкото, а тој нема појма“.

10.

Еден дечко ме праша како е да се биде жена на работната позиција на која што сум и друг дечко одговори наместо мене.
Браво мажи!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *