Огромно античко богатство откриено на рид во Унгарија – значајно откритие за преминот од бронзената во железната доба
На ридот Сомло во западна Унгарија, археолозите открија значајно богатство старо повеќе од 3.000 години, што фрла ново светло врз историјата на бронзеното и раното железно доба во регионот. На ова вулканско возвишение, недопрено од современи активности, во само првата година од истражувањето се пронајдени над 300 артефакти, меѓу кои голем број бронзени предмети детектирани со метал-детектори.
Халштат култура
Пронајдените метални предмети датираат главно од доцното бронзено доба (1400–900 п.н.е.), но на локацијата е откриена и една од најголемите збирки на метал од раното железно доба (800–450 п.н.е.) од ваков тип во регионот. Овие наоди укажуваат дека на ридот постоеле повеќе работилници за обработка на бронза, веројатно поврзани со културата Халштат – земјоделско општество познато по напредната метална изработка во Централна и Западна Европа.
До сега, артефактите поврзани со Халштат културата најчесто се наоѓале на територијата на денешна Германија и Австрија. Оваа нова збирка од Унгарија би можела да помогне во попрецизно утврдување на хронологијата и географската распространетост на оваа цивилизација.
Други останари наоди од тоа време
Истражувачите, предводени од археологот Бенце Соош, посочуваат дека населбата на Сомло веројатно постоела без прекин и при преминот кон железното доба. Откриените складишта укажуваат на комплексна и намерна традиција на складирање и закопување метали. Некои од предметите биле пронајдени во керамички садови, што е невообичаено за тој период.
Покрај бронзени предмети, археолозите откриле и килибарни монисти, вилици од диви и домашни свињи, ткаенини и кожни елементи, како и остатоци од култури како просо и леќа – значајни за исхраната во тој период.
Иако прстените, копјата и другите предмети се вредни сами по себе, некои од нив се погодни за радиокарбонско датирање – што е ретка можност кај артефакти од Халштат периодот.
Овие анализи можат конечно да понудат прецизна хронологија за еден од најзначајните премини во човечката историја: од бронзено во железно доба.
Коментирај анонимно