Охрид го прослави Петровден со песна, кајчиња и старата езерска традиција
Во празнична атмосфера, со македонска песна, дружење и староградската традиција на кајчиња, во Охрид беше одбележан Петровден. Празнувањето на водите на Охридското Езеро собра бројни граѓани и посетители, кои уживаа во уникатната традиција што со години е препознатлив дел од празничното одбележување.
Со звуците на староградските песни и пловидбата на кајчињата, празникот доби посебен дух, потсетувајќи на богатото културно наследство и обичаите што се пренесуваат од генерација на генерација. Учесниците го завршија празничниот ден со песна, упатувајќи пораки за здравје, среќа и бериќет во секој дом, во духот на заедништвото и почитувањето на традицијата.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Vaka da se soberite za pravda a ne samo za peejne ke nema drzava kako Nas
Коментирај анонимно