Октауто – Легендарен автомобил со осум тркала создаден за поголема удобност

Денес суспензијата на автомобилите е неверојатна, но во почетокот на 20-от век патиштата биле ужасни, а автомобилите уште полоши за возење. Дури и тогаш, луѓето се обидувале на необични начини да донесат комфор за патниците. Октауто е најоригиналниот пример за тоа – автомобил со осум тркала создаден специјално за поудобно возење.

Октауто – Легендарен автомобил со осум тркала создаден за поголема удобност

Ривс Оверленд Октауто – најнеобичниот автомобил досега, создаден во 1911 година од Милтон Ривс

Американскиот пронаоѓач Милтон Ривс во 1911 година го создава Октауто со една цел – решавање на тогаш големиот проблем на некoмфорните автомобили и тешките услови на патиштата. Лошата суспензија не само што ги правеле патувањата непријатни, туку и ја трошеле гумата брзо и нерамномерно.

Ривс Оверленд Октауто – најнеобичниот автомобил досега, создаден во 1911 година од Милтон Ривс

Инспириран од возовите, Октауто користи осум тркала за подобра суспензија и порамномерно распоредување на тежината

Ривс добива инспирација од конструкцијата на возовите, каде вагоните користат повеќе шасии (bоgies) за да ја распределат тежината и го олеснат возењето. “Ако повеќе тркала значат поудобна вожња кај возовите, зошто да не пробаме истото со автомобилите?” била неговата логика. Резултат е автомобил со четири оски и осум тркала – две управувачки оски напред, две назад, од кои само првата назадна е погонска, додека последната задна оска е дополнително управувачка.

https://youtu.be/nfeMYid6gPQ?si=xDO4kWj3DS8B3etp

Ривс верувал дека рамномерната тежина го намалува ударот и дозволува „најмеко возење во светот“

Милтон Ривс бил убеден дека редистрибуцијата на тежината преку осум тркала ќе ги намали ударите, ќе ја зачува суспензијата, а гумите ќе траат подолго. Во рекламите, Октауто бил познат како „најмекото возење во светот”.

Премиерата на Октауто на Индијанаполис 500 во 1922 година привлече огромно внимание но не и продажби

Октауто беше претставен на првата трка Индијанаполис 500 во 1922 година, каде што беше вистинска сензација и привлече толку многу внимание колку и тркачките автомобили. Четириседишниот, невообичаено смислен автомобил и неговите тврдења за досега невиден комфор ги фасцинираа луѓето, но љубопитноста не се претвори во купувачи.

Неуспехот на Октауто: превисока цена, лошо ракување и поевтини алтернативи – причината зошто овој автомобил остана само легенда

За времето, Октауто беше премногу храбар дизајн. Цената му била 3.200 долари – исто како четири Ford Model T или два Cadillac Model 30. Комплицираната конфигурација со повеќе оски создавала проблеми при ракувањето, а иако Ривс се обидел да го реши тоа со следниот модел Sextoauto со шест тркала, луѓето избрале поевтини и полесни автомобили.

Октауто останува како симбол на најсмелите и најчудни автомобили во историјата на автомобилизмот

Денес Октауто на Ривс е запомнет како еден од најсмелите и најчудни автомобили на сите времиња. Авантуристичкиот дух и обидот да се промени комфорот за патниците остануваат инспирација за идните генерации.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *