Октоберфест се врати по две години! А ние обожаваме да ги гледаме криглите на девојките
Криглите за пиво кои им пркосат на бицепсите, ѓевреците со големина на чинија, мажите во кожени шорцеви и жените во традиционални фустани со деколте се враќаат оваа година како туристичка атракција во Минхен.
Пиварите, туристите и локалните жители се возбудени поради враќањето на настанот, но присутните се предупредени да се подготват за повисоки цени поради зголемената инфлација. Кригла пиво од 1 литар чини помеѓу 12,60 и 13,80 евра оваа година, што е за околу 15% повеќе од 2019 година, според официјалната страница на Октоберфест.
Настанот беше отворен во саботата напладне кога градоначалникот на Минхен Дитер Рајтер го чукна првото буре и објави: „O’zapft is“, што на баварски дијалект значи „Излеано е“.
Фотографиите направени во саботата наутро покажуваат дека посетителите не се премногу загрижени за поскапувањето, бидејќи се видени како трчаат кон шаторите штом се отворија портите.



































Коментирај анонимно