Оптичка илузија открива дали веднаш осудувате луѓе или не… па, што прво гледате на сликата кога прв пат ќе ја видите? Без мамење!

Оваа оптичка илузија може да открие дали сте осудувачки настроени или не, во зависност од тоа што прво ќе видите на неа. Оваа слика може да ви каже дали сте премногу самокритични или дали имате многу силни мислења на одредени теми.

 

 

Сликата првпат беше споделена од креаторот на содржина Миа Јилин на TikTok каде собра над 972.000 прегледи.

 

https://vm.tiktok.com/ZM2jEDyW4/

На фотографијата има и врана и лице, во зависност од тоа кое прво ќе го видите може да открие каква личност имате.

На фотографијата е прикажана црна врана на врвот на карпа. Под птицата има помали карпи наредени една врз друга. Ситните карпи формираат облик на машко лице. Според Миа, кој објект прв ќе го видите може да го открие вашиот вистински идентитет.

 

 

Погледнете внимателно и имајте на ум што прво ви паднало во очи. Миа откри дека ако прво сте ја виделе враната тогаш многу осудувате.

„Ако прва сте ја виделе враната, тогаш сте некој кој е многу осудувачки настроен кон другите“, објасни таа.
И иако можеби не сакате да слушнете дека брзо доаѓате до заклучоци за другите, Миа рече дека тоа не е нужно лоша работа.
„Не можете а да не формулирате многу тешки мислења, но да бидеме фер, имате многу силна интуиција и многу од времето вашите претпоставки и сомнежи завршуваат како точни“, објасни таа.
Ако сте го виделе лицето пред враната, тогаш сте некој кој е премногу критичен кон себе.
Миа објасни: „Тоа го користиш како одбранбен механизам затоа што толку се плашиш да не те отфрлат или да не не им се допаѓаш на другите, што потсвесно сакаш да ги победиш во потера со тоа што прво ќе бидеш злобен кон себе“.

Гледачите побрзаа во делот за коментари за да го изразат својот шок од тоа колку е точна Миа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *