Орангутанот им е бејбиситер на малите тигарчиња – ги храни, гушка и чува како свои

Ова е веројатно еден од најнеобичните бејбиситери што сте ги виделе. Орангутанот Сурија толку внимателно ги набљудувал луѓето како се грижат за малите тигарчиња, што решил и самиот да се вклучи. Ги хранел со шише, ги гушкал и си играл со нив, додека тие без проблем се качувале и се превртувале по него. Необичното „семејство“ било снимено во Myrtle Beach Safari во Јужна Каролина, а Сурија е мажјак – што ја прави целата сцена уште понеобична.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *