Осамена жена патувала 5000 километри за да го запознае мажот со кој се допишувала, но погледнете каков хорор ја дочекал таму

Бланка Арелано (51) летала 5000 километри од Мексико Сити до Лима, Перу, за да се сретне со 37-годишниот Хуан Пабло Хесус Вилафуерте Пинто, студент по хумана медицина и биотехнологија. Двајцата се запознале на апликација за состаноци и биле во онлајн врска неколку месеци, па Бланка Арелано се качила во авион за да го запознае, во потрага по љубов.

 

 

Откако поминала една недела со Хуан и ѝ кажала на нејзината внука дека се заљубила во него, Бланка Арелано исчезнала, а нејзиното семејство не можело да стапи во контакт со неа. Семејството на г-ѓа Арелано се загрижило за неа откако неколку дена немало слушнато ништо од неа. Нејзината внука Карла Арелано претходно разговарала со неа, но се загрижила откако постојано не можела да воспостави контакт.

 

Карла Арелано се огласи на Твитер за да побара помош за да ја пронајде тетка ѝ: „Никогаш не мислев дека ќе се најдам во оваа ситуација, денес барам поддршка и ширење за да најдам една од најомилените и најважните луѓе во мојот живот. Мојата тетка Бланка Оливија Арелано Гутиерез исчезна во понеделникот на 7 ноември во Перу, таа има мексиканско потекло, стравуваме за нејзиниот живот“.

Карла Арелано напиша како го контактирала Хуан, човекот кај кој тетката отпатувала, за да го праша дали се слушнал со неа. Тој ѝ рекол дека на нејзината тетка ѝ здодеало бидејќи не можел да ѝ го даде животот што го сакала и дека таа си заминала да се врати назад во Мексико. Но, неколку дена подоцна, на 9 ноември, најлошите стравови на семејството на г-ѓа Арелано биле потврдени.

 

Глава на жена без лице била пронајдена на плажата во близина на местото каде што живеел Хуан во Хуачо, Перу. Неколку часа подоцна, властите пронашле и отсечен прст со сребрен прстен на кој бил отстранет врвот на прстот. Следниот ден на крајот од канал кој се влева во морето било пронајдено торзо без органи. Инспекторите брзо откриле дека каналот минува пред Националниот универзитет Хозе Фаустино Санчез Карион, каде што Хуан е студент. Форензичарите утврдиле и дека лицето на жртвата го извадил некој искусен со хируршки инструменти.

 

Траги од крвта на Бланка Арелано биле откриени и низ станот на Хуан. Тој, наводно, објавил и видеа од нејзините органи на ТикТок, неколку дена по нејзиното исчезнување. Набргу по откривањето, полицијата го уапсила Хуан под обвинение за фемицид, трговија со луѓе и трговија со органи. Хуан ја негира својата вмешаност во злосторството и останува во полициски притвор додека истрагата продолжува.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.