„Ослабев 14 кг со диета од месо и „златно желе“ – повеќе не испуштам гасови и немам ментална магла“

Веганка која станала месојадец се фали дека нејзината „високомасна“ диета ѝ помогнала да изгуби 14 килограми масни наслаги, ѝ ја исчистила цистичната акна, псоријазата и егземата, и ѝ ги елиминирала гасовите, менталната магла и симптомите на предменструален синдром.

Концертната пијанистка Изабела „Бела“ Ма неодамна загриза парче ладен, несолен путер додека на TikTok го откриваше нејзиниот „сочен“ рецепт – комбинација од печени пилешки крилца, 80-20 плескавици (мелено говедско со 80% немасно месо и 20% маст), путер и нејзиното специјално „златно желе“.

 

„Најдобрата храна за кожа, коса, нокти и против стареење“, вели Ма, која на социјалните мрежи е позната како „Steak and Butter Gal“ (Госпоѓица Стек и Путер).

„Златното желе“ се прави така што во експрес лонец се варат говедски опашки и пилешки батаци 50 минути. Потоа месото се вади, а остатокот се остава во фрижидер преку ноќ за да се створи „желатинозна супа полна со колаген“.

 

Претходната верзија на диетата на Ма вклучувала јајца на око пржени во говедска маст и газирана минерална вода Gerolsteiner, што ѝ помагало да одржи 14 килограми загубена маса, чиста кожа, ментална јасност и „совршена“ столица.

 

Ма го прифатила месојадниот начин на исхрана уште од од 2019 година, а трендот станува сè попопуларен благодарение на инфлуенсери како неа, кои на социјалните мрежи споделуваат свои успешни приказни.

 

Но, овој режим предизвикува поделени мислења во медицинската заедница.

Црвеното месо, путерот и сирењето имаат висока содржина на заситени масти, што може да го зголеми нивото на ЛДЛ-холестерол во крвта и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Иако е корисно да се намали внесот на шеќер и рафинирани јаглехидрати, овошјето и зеленчукот се важен извор на влакна и есенцијални нутриенти, кои помагаат во намалување на ризикот од хронични заболувања, регулирање на крвниот притисок, намалување на холестеролот, контрола на телесната тежина и подобрување на варењето.

 

 

 

 

Во објава од 2023 година, Ма изјави дека четири години целосно избегнувала влакна и зеленчук. Таа тврди дека не страда од запек, иако признава дека поретко оди во тоалет.

Во коментарите на нејзиното неодамнешно видео, нејзините TikTok следбеници изразија загриженост за нејзините тврдења и укажаа дека прдењето може да биде знак на здрав дигестивен систем.

„Фактот што повеќе не прдиш е поголем проблем отколку придобивка“, напиша еден корисник.

„Дали ова желе го јадеш вака како што е??? Не можам да го поднесам ни мирисот, ни вкусот“, се згрозува друг.

„Браво што придонесуваш за една од најзагадувачките индустрии“, коментира трет. „Месојадната диета е ептен себична. Нашата планета умира.“

Па, што мислите вие?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *