Остварениот сон да биде мајка за кратко се претворил во кошмар: Жена родила бебе преку вештачко оплодување, но морала да го даде откако дознала дека всушност не е нејзино

Жена во САД поминала низ две години третмани за вештачко оплодување и родила здраво бебе – само за подоцна да открие дека детето не е биолошки нејзино.

Раѓањето на дете треба да биде најсреќниот момент во животот на секој родител, но за 38-годишната Кристена Мареј тоа бил моментот кога нејзиниот свет се урнал.

Таа го родила своето бебе во декември 2023 година, но веднаш почувствувала дека нешто не е во ред – детето воопшто не личело на неа. Мареј, која е бела, одбрала донор на сперма со слични физички карактеристики како нејзините, но бебето што го родила било со темна кожа.

 

Подоцна дознала дека во клиниката за плодност каде што се лекувала дошло до катастрофална грешка – наместо нејзиниот, ѝ било вградено ембрион од друг пар, според тужбата што ја поднела.

Оваа страшна грешка била потврдена преку ДНК тест, откако стапила во контакт со клиниката.

Борба за старателство

Иако првично одлучила да го чува бебето, бидејќи се поврзала со него за време на бременоста, во мај 2024 година претрпела уште еден удар – клиниката ги известила биолошките родители на детето, кои потоа ја тужеле за старателство.

На крајот, Мареј морала да го предаде детето на неговите биолошки родители. Сега ја тужи клиниката Coastal Fertility Specialists во Џорџија поради оваа трагична грешка, обвинувајќи ја дека ја претворила во „неволнa сурогат-мајка“ за друг пар, против нејзина волја.

Таа бара отштета од 75.000 долари за претрпена душевна болка и емоционална траума.

„Никогаш во животот не сум се чувствувала толку повредено. Оваа ситуација ме остави емотивно и физички скршена. Целиот живот сонував да бидам мајка. Го сакав, го негував и го носев моето дете – и буквално ќе направев сè за да го задржам.“ изјавила таа за AP.

И покрај болното искуство, Мареј вели дека не се откажува од својот сон да стане мајка и во моментов се лекува во друга клиника за плодност.

Од Coastal Fertility Specialists ја признаа грешката, нарекувајќи ја „невиден пропуст што довел до мешање на ембриони“.

„Ова е изолиран инцидент и ниту еден друг пациент не е погоден. Правиме сè што можеме за да ги поправиме последиците за засегнатите.“ наведуваат во соопштението за AP.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *