„Отидов на одмор со пријателките за мојот 40-ти роденден и сфатив дека не ми недостига мажот, па се разведов – изгубив 30 килограми и животот драстично ми се промени“

Стефани Хансон (41) од Ливерпул минатата година била во Грција со пријателките кога ја донела одлуката која ѝ го променила животот. По враќањето го известила својот десетгодишен сопруг дека го напушта. Шест месеци подоцна, Стефани изгубила 30 килограми и го запознала Дејвид Болдвин (43). Сега, мајката на четири деца вели „не може да биде посреќна“.

 

Стефани рече: „Се сеќавам дека додека бев отсутна размислував како навистина ми недостигаат децата, но не ми недостигаше мојот сопруг. Бев во најлошата форма во мојот живот и сфатив, бев мизерна – па направив нешто околу тоа“.

 

Стефани уживала во десетдневното патување во Кефалонија со две пријателки во мај 2022 година, за да го прослави својот 40-ти роденден. Таа вели дека преубаво си поминала далеку од стресовите и напрегањата на секојдневниот живот – но како што одминувале деновите, таа ненадејно сфатила. Додека се релаксирала покрај базенот, разговарајќи со пријателките, Стефани дошла до заклучок дека повеќе не го сака својот сопруг. Така, таа ја донела тешката одлука да стави крај на десетгодишниот брак на денот кога се вратила дома.

 

Стефани рече: „Најубаво минував со девојките, а помислата да се вратам дома кај мојот сопруг беше ужасна. Имав момент на јасност во хотелот дека бев мизерна во бракот онолку долго колку што се сеќавам. начи, кога полетав назад, ставив крај таму и тогаш – и знаев дека ја донесов вистинската одлука кога ја видов неговата реакција“.

 

Таа исто така била незадоволна од друг аспект од нејзиниот живот. Таа тежела 107 килограми и одлучила дека почетокот на нејзината нова ера како сама жена е совршено време да го промени својот изглед. Стефани почнала да вежба дома користејќи хула-хоп и драстично го променила начинот на исхрана.

Таа го заменила чоколадото, престанала да јаде оброци и јадења на база на крем и путер. По неколку месеци, таа го вклучила трчањето во својот фитнес режим и полека, но сигурно, почнала да ја намалува тежината што ја носела цела деценија.

И, откако го запознала своето сега момче, Дејвид, во јули и го запознала со своите деца, Стефани вели дека „едвај ја чека“ иднината.

 

Стефани рече: „Откако го напуштив мојот поранешен сопруг, следното нешто што требаше да направам е да ослабам. Фотографиите од одморот ме натераа да видам во каква ужасна форма сум, па почнав да вежбам дома и го променив начинот на исхрана. На почетокот беше тешко. Во јули го запознав Дејвид на веб-страницата за состаноци на Фејсбук. Го сретнав на половина пат од моето фитнес патување, но тој не се грижеше за тоа, ме сакаше таква каква што бев. Сега имам 76 кила, но сум прилично висока, па мислам дека ако изгубам уште 6 кила, тоа ќе биде совршено. Да не одев на тој одмор, сè уште ќе бев заглавена во брак со човек што повеќе не го сакав“.