„Отидов во кревет со едно евро на сметка, а кога се разбудив имав 140.000 евра. Банката ми рече дека парите се мои, а потоа следеше разочарување“

Урслан Кан (41), од источен Лондон , се збунил кога ја видел огромната сума на неговата сметка. Веднаш ја известил својата банка, но од таму му кажале дека парите се негови оставајќи го воодушевен.

Но, банката набрзо ја сфатила својата грешка и, еден ден подоцна, побарала од Урслан да ги врати парите.

Тој рече: „Имав 1 евро на мојата штедна книшка. Кога отидов да го проверам мојот биланс тами пишуваше 140.000. Не е само случајот што ги ставиле парите на мојата штедна сметка – дури ми дозволија да ги префрлам на мојата друга сметка“.

 

Урслан верува дека парите биле наменети за друг клиент кој има најмалку две сметки во банката.

Тој рече: „По изглед, ова лице мора да има две сметки – сметка А и Б. Банката требаше да земе пари од А и да ги стави во Б. Но, некаде по должината на линијата завршија на мојата сметка – сметката В!“