Отишол Мујо кај Трендо на „Кој сака да биде милионер“ (виц)
Отишол Мујо на „Кој сака да стане милионер?“ и стигнал до прашање вредно неколку илјади евра.
Трендо го чита прашањето:
Кој е главен град на Хрватска?
а) Книн
б) Загреб
в) Сисак
г) Сплит
Мујо размислува, па вели:
– Ќе го искористам џокерот „Повикај пријател“. Ќе му се јавам на мојот пријател Суљо.
– Во ред, ќе го повикаме вашиот пријател Суљо – вели Трендо.
– Ало, Суљо? Овде е Трендо, водителот на „Кој сака да биде милионер“. Вашиот пријател заглави на едно прашање. Имате 30 секунди да му помогнете.
– Здраво, Суљо! Како си? – прашува Мујо.
– Еве добро… А Фата како е? Децата? Има ли нешто ново?
Така си муабетат додека не поминат 30-те секунди. Се огласува сирената, а Мујо воопшто не го прашал за одговорот.
Трендо зачудено го прашува:
– Добро, Мујо, зошто не го праша Суљо за точниот одговор?
– А што ќе го прашувам? Одговорот си го знам. Искористив прилика да се чујам со него во Австралија!


Коментирај анонимно