Отишол Трамп кај познат пророк за да види уште колку ќе биде претседател (виц)

Отишол Доналд Трамп кај некој познат пророк:

– Кажи ми, уште колку долго ќе бидам претседател?

Овој погледнал во картите… па рекол:

– Гледам дека ќе го истерате мандатот до крај!

– Убаво, убаво… А ќе има ли мир во светот додека сум јас претседател?

Пророкот повторно погледнал во картите:

– За жал, не! Гледам дека ќе избие војна меѓу Русија и Америка!

– Хм… а кој ќе победи?

– Еее, тоа веќе не смеам да ви го кажам!

Гледа Трамп дека со овој мора малку поитро, па го прашува:

– Добро, кажи ми барем, после војната ќе има ли уште „Кока-Кола“?

– Ќе има, секако!

– Аха! А колку ќе чини?

Пророкот повторно погледнал во картите и одговорил:

– Дванаесет рубљи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *