Откажани се новогодишните базари и „светкави“ прослави низ цела Велика Британија, поради зголемените цени на струјата. Што мислите дека ќе се случува во Македонија?

Божиќните базари и забави на плоштадите за Нова Година се целосно откажани во цела Велика Британија.

Зголемените трошоци за живот ги намалуваат прославите на стотици илјади семејства. Локалните власти првенствено ги обвинуваат високите цени на енергијата како главна причина за откажување на овие настани.

 

Советот на округот Гилдфорд во Сари рече дека не може „да си дозволи или оправда“ финансирање на својот годишен блескав собир на главната улица, кој привлекува повеќе од 7.000 луѓе.

Советникот Џос Бигмор рече дека „значајните финансиски предизвици“ во одржувањето на неговиот божиќен буџет значат дека тој повеќе не може да продолжи.

Слично во Ели, Кембриџшир, загриженоста околу трошоците значи дека вклучување светла е исто така исклучено како опција за 2022 година.
Градскиот совет едногласно донесе одлука за укинување на настанот бидејќи повеќе не можеше да си дозволи 9.000 евра потребни за церемонијата.

Грантовите и таксите што ги плаќаат тезгаџиите на базарите обично се доволни за покривање на трошоците во Тентерден, но оваа година проценетата сметка за струја, осигурување и прва помош, наводно, тројно се зголемила.
Жителите на Манчестер, исто така, нема да уживаат во масовниот зимски сјај благодарение на обемот на градежни работи во градот.

 

Многу од божиќните настани во Британија сè уште се одржуваат, но посетителите треба да очекуваат дека некои елементи ќе бидат намалени.

На пример, светлата на улицата „Оксфорд“ во Лондон ќе светат помалку часови оваа година, бидејќи бизнисите се обидуваат да заштедат на сметките за енергија.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *