Откриена е грешка во „Тесла“ автомобилите. Крадци можат да го украдат и запалат автомобилот за неколку секунди!

Консултантска фирма за безбедност откри како може да се случи софистициран напад со само двајца крадци, кои ќе го отклучат „Tesla Model Y“ и ќе го запалат моторот за само неколку секунди.

Операцијата бара еден поединец да биде во близина на сопственикот на „Tesla“ со својот паметен телефон за да сними податоци од картичката со клучеви, додека другиот чека до целното возило, со уред дизајниран да ги подигне податоците од неговиот соучесник.

Овој напад, според консултантската фирма „IOActive“, е пропуст во ажурирањето на софтверот на „Tesla“, кој ја елиминира потребата сопствениците да ја стават клучната картичка на централната конзола за да ги менуваат брзините на возилото.

Откако крадецот ќе замине со украдената „Тесл“а, тие не можат да го исклучат моторот или нема да можат да го рестартираат, бидејќи повеќе не се блиску до оригиналната клучна картичка, но во одреден момент би можеле да додадат нова картичка, пишува „The Verge“.

Пред ажурирањето на софтверот, од сопствениците на „Tesla“ се бараше да седнат на возачкото седиште и да ја стават својата клучна картичка на централната конзола за да го запалат моторот и да се префрлат од паркирање во погон. Но, сега тоа не е потребно и крадците најдоа начин да ја искористат маната.

„Тесла“ користи блиска комуникација (NFC) за да ја напојува својата клучна картичка. Овој протокол овозможува комуникација помеѓу два електронски уреди кои се во непосредна близина.

А во случајот на „Tesla“, уредите се клучната картичка и „NFC“ читачот на вратата на „Model Y“. Во следното видео можете да ја видите симулацијата на целиот овој процес чекор по чекор.

„Тесла тврди дека овој безбедносен проблем е ублажен со функцијата „PIN to Drive“, која сепак ќе им овозможи на напаѓачите да го отворат и да пристапат до автомобилот, но нема да им дозволи да го возат. Сепак, оваа функција е опционална, а сопствениците на „Tesla“ кои не се свесни за овие проблеми можеби нема да ја користат“, се вели во весникот.

  • Чкорче напиша:

    А со кибрит или запалка можат да го ,,запалат,, моторот?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *