Откриена мистеријата зад сините очи: „Сите луѓе со сини очи на планетата Земја се потомци на еден ист човек!“

Секој човек со сини очи на Земјата е потомок на еден човек.

Непријатната вистина за секој со сини очи е дека сите тие имаат еден ист предок. Сините очи се рецесивен ген, што значи дека и двајцата родители треба да го имаат генот за сини очи за нивното дете да има сини очи. Точно, за оние кои се прашуваат како е тоа можно, прво ќе треба да погледнат во студија која открила дека сето тоа може да се проследи наназад до една личност.

 

 

 

„Healthline“ проценува дека помеѓу 8 и 10 проценти од светската популација имаат сини очи. А нивната реткост сега има смисла, бидејќи научниците открија дека генетската мутација потекнува од еден единствен човек кој живеел пред 6.000 и 10.000 години.

Истражувачите се обиделе да откријат што ја предизвикало оваа промена со проучување на генот OCA2, кој го одредува нивото на кафеавиот пигмент во човечкото око, долги години. Сепак, излегува дека генетската мутација што резултира со сини очи е од сосема поинаков ген наречен HERC2, кој целосно го исклучува OCA2 – и ја „разредува“ кафеавата во сина боја.

 

 

И како се дозна дека сето тоа е поврзано со заеднички предок? Затоа што секој синоок ја има истата мутација.
Иако има уште многу истражувања што треба да се направат, се смета дека мутацијата би можела да се прошири кога луѓето мигрирале од Африка во Европа, што на некој начин ќе објасни зошто главно луѓето од европско потекло навидум имаат сини очи.

Откритието всушност беше направено во 2008 година, кога истражувачки тим од Универзитетот во Копенхаген првично ја следеше мутацијата. Студијата, исто така, ја разгледа варијацијата на други поретки бои на очите, како што е зелената, што дополнително ја докажа идејата дека едно лице потекнува од генот со сини очи.

Авторот на студијата, професор Ханс Ајберг од Одделот за клеточна и молекуларна медицина, изјави за „Science Daily“: „Во меѓувреме, луѓето кои имаат зелени очи може да се објаснат со фактот дека имаат намалена количина на меланин во ирисот, што е многу различно од оние со сини очи. Од ова, можеме да заклучиме дека сите синооки поединци се поврзани со ист предок“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *