Откриено: Четирите особини кои ве прават совршен партнер – па, дали ги имате?

Без разлика дали станува збор за камшикување и садо мазо фетиши или за романтични вечери и цвеќиња, секој има своја идеја за романса. Но, експертите сега велат дека четири клучни особини придонесуваат за „романтична компетентност“.

Една нова студија на „Elsevier“, предводена од Универзитетот Западен Кентаки, тврди дека перцепцијата, однесувањето, асортативните и интерактивните фактори играат улога во формирањето на среќна врска. Партнерите кои се воздржуваат од несигурности и љубомора се сметаат за „најромантично компетентни“, со поглед на љубовта како „полуполна чаша“.

 

 

Перцепција на романтична компетентност

Партнерите со повисоко ниво на романтична компетентност имаат поголема веројатност да имаат позитивен поглед на нивната врска. Ова значи дека тие се оддалечуваат од чувството на несигурност и премногу грижа за проблемите.

Однесување

Антисоцијалните партнери се сметаа за помалку вешти во односите. Во меѓувреме, да се биде достапен и одговорен е клучот за задоволството во врската.

Интеракција

Компетентноста на врската зависи и од карактеристиките на нашите други половини. Ако и двајцата партнери се избалансирани во оптимизмот, дружељубивоста и пристапноста, ова може да го зголеми романтичното задоволство.

Асортативно совпаѓање

Партнерите со слично ниво на интелигенција, привлечност, пари, статус и добрина ќе се сложуваат многу подобро на долг рок.

 

 

 

Како дел од нивното истражување, експертите анкетирале 171 претежно хетеросексуални парови кои сите биле во различни фази во нивните врски – од „случајно запознавање“ до „венчани“. На учесниците им беа дадени 10 измислени сценарија, кои се движат од едноставни разлики во животниот стил до посериозни прашања, како откривање на тајниот профил на „Tinder“ на партнерот.

Секој партнер бил запрашан како би одговорил на проблемите кои се во прашање, а нивните одговори се користат за да се одреди нивната романтична компетентност и задоволство. Генерално, научниците заклучија дека пристапните и одговорни партнери се најзадоволни во нивните односи.

Оптимизмот исто така се сметаше за клучен „перцептуален“ фактор на компетентност, при што најдобрите партнери се помалку склони кон проблематични несигурности и сомнежи.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *