Отсекогаш сте сакале да почнете да штедите? Еве го најлесниот и најефикасен начин!
Од 1 јули 2022 година, Шпаркасе Банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со нов депозит за физички лица – Штеден план, погоден за клиентите кои се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период.
Сите оние што ќе го одберат новиот производ Штеден план, добиваат поволни услови за штедење во денари со гарантирани каматни стапки и можност за дополнителни вложувања. Со овој депозит, клиентите ќе бидат во можност да испланираат определен месечен износ од нивните примања, кој преку траен налог ќе се префрлува на депозитот и на тој начин депонентите континуирано ќе го зголемуваат својот штеден влог.
Освен со траен налог, дополнителни уплати може да се прават и преку шалтер и преку мобилно и електронско банкарство. Минималниот износ на почетен влог изнесува 6.000 денари, а минималниот износ на дополнителните уплати изнесува 1.000 денари. Депозитот ќе може да се отвори на рок од 12, 24, 36 и 60 месеци, а каматните стапки се фиксни за целото времетраење на орочениот депозит и достигнуваат и до 1,20% за депозитите на 60 месеци.
Воедно, со почеток од 1 јули, Шпаркасе Банка АД Скопје ги зголемува и каматните стапки на традиционалните денарски депозити на физички лица на 12, 24 и 36 месеци, па така сега фиксната каматна стапка на денарските депозити со рок на орочување на 36 месеци изнесува 1,35%. Дополнителна поволност е воведена за примателите на плата и за депонентите со повисоки износи на депозити, изразена преку стимулативен додаток на каматна стапка.
Истовремено, од 1.7.2022 се продолжува и промотивната продажба на Депозит Прогрес до 30.9.2022, со зголемување на каматните стапки на денарскиот Депозит Прогрес на 36 месеци, така што сега клиентите добиваат просечна годишна каматна стапка од 1,6%.
Промените на каматните стапки се применуваат за сите новоорочени депозити и за постојни депозити по истекот на рокот за орочување, односно на денот на реорочување на секој поединечен влог, почнувајќи од 1.7.2022 година.
Повеќе информации за производот Штеден план и за каматните стапки на депозитите може да се најдат на веб-страницата на Банката sparkasse.mk, во која било експозитура на Банката или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050.
Започнете да штедите во Шпаркасе Банка, дел од австриската групација Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе со повеќе од 200 години традиција во штедење и партнер што знае како вашите заштеди постојано да растат!
Коментирај анонимно