Ова е Блекенал Хит – најозлогласеното маало во Англија, каде дивеат бандите, а полициските автомобили не одат затоа што ги гаѓаат со тули

Маалото се наоѓа во градот Валсал, а граѓаните таму живеат во постојан страв и си го споредуваат маалото со Украина денес. Тие велат дека нивните животи се уништени од банди млади со ножеви, некои на возраст од 10 години, кои направиле хаос во последните три години. Жителите рекоа дека областа станала и „забранета зона“ за полицијата бидејќи нивните патролни автомобили биле гаѓани со тули.

Јутјубер кој имаше храброст да ја посети криминализираната област го опиша Блекенал Хит како „најсуровата област во Британија“ врз основа на неговото сопствено искуство.