X

Ова е момент кога треба да ги тргнеме партиите настрана и да отвориме очи: Фабрики како Усје ќе може да се отвораат во населени места

Една работа не можам да сфатам. И нивните деца живеат овде и тие го дишат истиот воздух.

Скандалозни измени за законот за животна средина, вели Мојсовска

Исто така, и пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, предупреди дека со предложените измени на Законот за животната средина се укинуваат дел од заштитните механизми воведени во 2022 година. Според него, повторно ќе се овозможи реконструкција на тешки индустриски капацитети на помалку од пет километри од населени места, што би им дозволило на фабрики како Усје да продолжат со работа и реконструкции наместо да бидат дислоцирани.

Јанчев посочи и дека измените го отежнуваат справувањето со контаминираните индустриски локации, како Југохром и Лојане, а истовремено го ограничуваат учеството на граѓаните во постапките за заштита на животната средина. Тој го критикуваше и носењето на законот со европско знаменце, најавувајќи амандмани против спорните одредби.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *