Ова е неверојатниот момент и приказната за суперхерој кој спаси 5 деца од нивниот запален дом

Доставувач на пица е прогласен за „суперхерој“ откако влетал во запалена зграда и извлекол четири деца на безбедно пред да скокне од прозорец со петто.

25-годишниот Николас Бостиќ возел низ населба во Лафајет, Индијана околу полноќ на 11 јули кога ја видел куќата зафатена од страшен пожар. Излегол надвор со намера да се јави на пожарна, но сфатил дека го оставил телефонот дома и влетал внатре без да внимава на сопствената безбедност.

Бостиќ рече дека не можел да види ниту да слушне никого низ чадот и пламенот и дека сакал да се сврти назад кога на врвот од скалите видел поглед на преплашена тинејџерка, кој чувала еден куп деца.

Тој ја забележал Сеиона Барет, 18-годишна девојка која ги чувала своите три помали браќа и сестри и еден од нивните пријатели додека нејзините родители играле пикадо во блискиот бар.

Брзајќи по скалите Бостиќ успеал да ги изнесе на безбедно Сејона и трите деца – Шејли, 13; Калеја, 1; и пријателката на Шејли, Ливијан Најфли (13) – низ бруталниот пожар до безбедно на улица.

Очите и белите дробови веќе му гореле од топлината, а во тој момент кашлање и тресење Сеиона му рекла дека нејзината шестгодишна сестра Кајлани, наречена „Бебето К“, сè уште била заробена во пеколот. Тогаш херојот се вратил внатре и го барал исчезнатото дете, го грабнал и скокнал од скршениот прозорец на вториот кат, заштитувајќи го детето.

„Истрчав внатре и погледнав под креветите и плакарите, но не можев да ја најдам“, изјави Бостиќ. „Но, кога стигнав до скалите, слушнав слаб плач“. „Помислив: ‘Не сакам да умрам овде’“, рече спасувачот, но знаел дека тој е единствената шанса на девојчето за преживување.

Бостиќ бил тешко повреден во храброто спасување, поради вдишување на чад, изгореници на неколку делови од телото и голема рана на раката по кршењето на прозорецот и падот. Тој бил однесен во болница кога родителите на децата, Дејвид и Тиера Барет, пристигнале на местото на настанот, откако добиле повик од Сеиона дека нивната куќа гори – причина која сѐ уште не е позната и е под истрага.

Четири од петте деца во меѓувреме за чудо избегале без никакви повреди, само 6-годишното девојче имало мала траума по падот од прозорецот и била лекувана на лице место.

„Се чувствуваме многу благословени за она што го направи Ник“, изјави Дејвид Барет за Вашингтон пост. „Тој е вистински херој, а мојата ќерка е вистински херој што ги разбудила децата. Не сакам да размислувам за тоа што би можело да се случи доколку Ник не се појавеше. Благодарен сум без зборови“.

Во меѓувреме, поручникот Ренди Шерер од полицискиот оддел во Лафајет рекол: „Пожртвуваноста на [Бостиќ] за време на овој инцидент е инспиративна. Она што тој не го разбира е дека неговите постапки не биле обични, тие биле извонредни. Тој се симна по тие скали за да го спаси тоа мало девојче кога мислеше дека тоа е невозможно само неколку моменти претходно… Има само еден начин да се дефинира тоа: храбро и херојско“.

Таткото на семејството се сретнал со Бостиќ и му рекол дека тој сега е дел од семејството поради неговото херојско дело. Исто така градот собрал средства за неговото лекување, како и да го наградат за херојското дело.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *