X

Ова ќе ве заболи дури и од гледање: Среќа што не беше маж инаку ќе ја прекинеше семејната лоза

Американката Кирстен Линдзи (28) се здобила со тешки повреди на гениталиите во несреќа со лулашка од јаже за време на екскурзија во Хондурас, додека била на крстарење со својот партнер Блејк Форд. Според него, јажето било неправилно прицврстено, па при замавот силно ѝ се стегнало меѓу нозете непосредно пред да падне.

На почетокот мислела дека станува збор за обична гребнатинка, но за неколку часа отокот драматично се зголемил и морала со инвалидска количка да биде пренесена до кабината на бродот.

Лекарите на бродот ја лекувале со часови, но бидејќи состојбата се влошувала, парот се соочил со три можности: итна евакуација во САД, транспорт до болница во Козумел или останување на бродот до крајот на крстарењето.

Тие се одлучиле за медицинска евакуација во САД, за која веднаш требало да уплатат 20.000 долари, а уште 30.000 долари по пристигнувањето. По околу 26 часа поминати во медицинскиот центар на бродот, Кирстен со приватен медицински авион била пренесена во Форт Лодердејл, Флорида, каде што го продолжила лекувањето.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *