X

„Ова не е обична улица, ова е срцето на Кочани“ – Кочанчанка ја повика општината да покаже дека знае да работи

Наместо гнев и навреди, кочанчанката Елена Цветанова избра поинаков пристап да им се обрати на градските власти. Еве што им порача кога ги објави овие фотографии од искршената улица во строгиот центар на градот:

Бирам да верувам!!!
Ајде.
Ама стварно.
После сите само озлогласености
и црни зборови фрлени кон Кочани и неговиот таканаречен напредок и неработење,
еве сега стварно цела моја верба ја истурам дека ова ќе биде сработено како за медал.
Смејте се, стварно Ве предизвикувам!!!
Ова е СРЦЕТО на Кочани.
Најстариот центар.
Корзото од времето на нашите баби заради кои постоиме.
Парадите на училиштата.
Некогаш забранета за возила.
А денес- ЕДИНСТВЕНИОТ дуќан во Кочани
за рачни изработки.
РАЧНИ ИЗРАБОТКИ повторувам.
Место каде вистински имате уникатен подарок ЕДИНСТВЕН НА СВЕТОТ
а, не како што нé убедуваат штанцаните индустрии.
Место каде доаѓаат ДЕЦА И ОД ТРИ ГОДИНИ, значи уште се под Божја закрила според нашето православие!!!
Место каде со кнедла во грлото се создадоа вилинските коњчиња
за делегациите низ светот
кои ги спасија нашите деца.
Место кое колку и нескромно да звучи- треба да се заштити како бела мечка,
оти од рачен труд луѓето хоби тераат,
јас сум решила ( повторно со верба) дека од ова сакам да живеам достоинствено и да го оставам на светот како белег (притоа плаќајќи ги сите законски должности).
И не смеете да си дозволите ова да биде мољакање, ова треба да биде ПРВАТА ТЕХНИЧКА РАБОТА ОД ПОНЕДЕЛНИК!!!
Да се израмни, да се направи поубаво него претходно.
Овде секој втор се сопнува, а секој 4ти паѓа( од сопнување исто).
Можам уште да зборувам колку значи за еден европски град
продавница за рачни изработки и што сé се прави за да опстане
но, во овој пост ќе занемариме.
Во оваа приказна не сум само јас.
Сите се а, рековме најмногу децата. Оние кои сакате да ги задржите и оние кои ќе ни го белат образот.
Во работење “како мачка со опашка” се докажавме.
Сега БАРАМ ВО ПРЕФИНЕТОСТ ДА СЕ ДОКАЖЕМЕ.
Постот може да се шерува но,
Ве молам без коментари со навреди и
“црни” зборови.
Било што било, овде рековме полагаме верба!!!

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *