X

Ова не е трап (рап со турбо фолк елементи), туку ново дете прави вистински рап од старата школа

Во време кога трапот и мешањето на рапот со турбо-фолк елементи доминираат кај помладата публика, Фичо реши да тргне по малку поинаков пат. Младото име на сцената со песната „Сонувам“ се навраќа на звукот на старата школа – чист рап, рими и приказна, без непотребни музички „украси“.

Убаво е да се види дека и меѓу новите генерации има деца што го препознаваат и продолжуваат духот на класичниот хип-хоп. Фичо е на почеток, но „Сонувам“ дефинитивно заслужува да добие простор и да биде слушната.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *