Оваа 32-годишна американска професорка по историја се жали дека не може да најде работа затоа што е многу убава и згодна

Ејми Крупс (32) предавала историја на деца од 13-14 години во училиште во Северна Каролина, но била отпуштена од работа кога училиштето дознало дека професорката има акаунт на платформата OnlyFans. Професорката се пожали дека оттогаш не може да најде „нормална“ работа, бидејќи мажите што ѝ прават интервјуа ја сметаат за премногу привлечна.

„Сексапилноста секогаш беше проблем за мене. Толку сум самоуверена што ги плашам момците што влегуваат во дијалог со мене. Пред мене почнуваат да се потат, да се нервираат и да поцрвенуваат“, објаснува професорката.

И покрај фактот дека девојката сака да снима експлицитна содржина за OnlyFans, таа сака да најде сериозна и постојана работа.
„Неодамна се обидов да се вработам во автомеханичарски сервис. Еден од механичарите зјапаше во мене кога го возеше Мерцедесот на клиентот и се заби во гаражната врата“, сподели Ејми.

Таа исто така рече дека наскоро планира да ги зголеми градите, но е загрижена дека после тоа нејзиниот проблем со наоѓање работа само ќе се влоши.
„Понекогаш сум обесхрабрена од фактот што луѓето ме судат според мојот изглед. Јас сум прилично паметна, предавам многу години, но мажите гледаат само во мојот тенок струк, градите и дебелите усни“, додаде на крај.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.