Оваа 44-годишна жена се откажала од јадење брза храна на необичен начин и ослабела 47 килограми

Женевив Смит е жителка на британскиот град Конглтон, која пред точно 1 година тежела 107 килограми. Таа се сеќава дека во минатото се срамела поради своето тело. Во април 2022 година, таа и нејзиното семејство отишле на одмор во шпанско одморалиште. Сите четири дена од одморот, таа морала да го крие вишокот килограми и не можела да се опушти. Почетна точка за слабеење бил инцидент во авионот кога Смит се враќала дома. Поради големиот волумен на телото, ѝ требало продолжување на безбедносниот појас. Тогаш Смит одлучила дека треба да ослабе.

„На крајот, почнав да се грижам за моето здравје и сфатив дека ако продолжам вака, нема да видам како моите деца растат“, вели таа.

Жената решила да започне од она за коешто сите ние знаеме дека е нездраво: високо процесирана брза храна и нездрави грицки. Така жената почнала да се придржува до диетата 1 : 1, според која наизменично еден ден може да јаде што сака, но наредниот апстинира од висококалорична и нездрава храна. Звучи одлично и секој би можел да започне, а потоа резултатите те тераат сам да си ставиш уште рестрикции. За само една година, благодарение на правилната исхрана, жената успеала да изгуби 47 килограми.

„Сега имам многу протеини во мојата исхрана. Се чувствувам како поинаква личност, неверојатно е“, вели таа.

Во пролетта 2023 година, Смит повторно заминала на одмор во Шпанија. Според жената, овој пат на одмор се чувствувала сосема поинаку.

„Се чувствував навистина среќно. Имав многу енергија и ми се допадна облеката што ја носев. Не се обидов да го кријам своето тело и тоа ме натера да се чувствувам одлично.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *