Оваа девојка станала милионерка за неколку месеци продавајќи свои „приватни видеа“ на интернет

Дани Харвуд, од Нит, Велс, го започна своето патување во индустријата за возрасни, откако била одбиена од Вест Енд, каде се надевала дека ќе настапи како танчерка. Како дете Дани настапувала во црковниот хор и се опишува себеси како срамежливо дете кое го сакало училиштето, но постојано била малтретирана од другите деца.

Кога имала 16 години, таа била прифатена со стипендија на независен изведувачки уметнички колеџ во Сари и на крајот стигнала до последната фаза за аудиција за мјузиклот за Queen, „We Will Rock You“.

За жал, таа не била прифатена за работата па решила да си направи профил на OnlyFans (страница за експлицитни видеа и фотографии за возрасни) како извор на приход. На OnlyFans, претплатниците плаќаат за содржината опишана како она што може да го најдете на Instagram, но без цензура. Секој ден, Дани прима исплати од луѓе кои бараат да им ги исполнува нивните сексуални фантазии во видеа, а некои клиенти се толку редовни што девојката им ги знае родендените или пак имињата на нивните деца.

Дани верува дека таа е прва жена во Велика Британија која оствари приходи од 1 милион фунти на OnlyFans. Уште „поимпресивен“ е фактот дека успеала да го псотигне овој износ само за 18 месеци. Откако стана многу популарна на OnlyFans, Дани отвори втора страница како консултантски услуги за други жени кои сакаат да заработат за живот на ист начин.

Таа забележала прилив на жени кои се надеваат дека ќе заработат пари на OnlyFans како резултат на коронавирусот кој им го ограничува патувањето и можноста за работа, а нејзината сметка за управување им нуди можност да научат како да го сторат тоа.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.