„Оваа година се обидувам да јадам поздраво, па затоа си направив ваков „бар“ во фрижидерот“

Дигиталниот креатор од Њу Џерси, Мика Енрикез – кој ги води популарните канали „Направете со Мика“ – има обожаватели кои буквално полудеа поради нејзиниот најнов хак: бар за салата во една од нејзините фиоки во фрижидерот.

 

 

„Една од моите новогодишни одлуки беше да јадам барем една салата дневно“, објави Енрикез (40) на „TikTok“ минатата недела. „Овој систем навистина помогна, а мојот сопруг исто така се нафати да јаде повеќе салати“.

Сите состојки на Енрикез се наредени во поединечни контејнери – од авокадо до сирење, сечкани моркови, домати, јајца, брокула, фета сирење, хумус, маслиново масло и, се разбира, да не заборавиме на зелената салата.

 

1,1 милион следбеници на „ТикТок“ ја преплавија Енрикез со прашања од каде и е идејата и како го направила тоа.
„Зошто авокадото и доматите се во фрижидер?“ прашуваше еден следбеник.

„Колку долго вашата салата и другите листови остануваат свежи и не венеат? праша друг.

„Обично 7-10 дена, но дотогаш ги јадеме“, одговори Енрикез.

Објавата на Енрикез собра 2,5 милиони прегледи на „TikTok“ и 1,3 милиони прегледи на „Instagram“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *