Оваа идеја се смета за успешна, но дали би ја практикувале вие? Фановите на Тејлор Свифт го шират трендот на пелени за возрасни и велат дека тоа е вистинскиот избор доколку одите на концерт!

Обожавателите на Тејлор Свифт отидоа до крајност за да се погрижат да не пропуштат ниту една минута од акцијата.

Тврдокорните љубители на музиката кои присуствуваа на турнејата „Ерас“ на пејачката, во последниве недели, отидоа на „TikTok“ и споделија една тајна со нас.

 

@therealkatherine

hit me up for the adult diaper plug 😂😂 #erastour #taylorswift #taylornation @taylorswift @taylornation #houstontaylorswift #erastourhouston

♬ original sound – katherine | latina creator

 

Најдобриот совет да не пропуштите ништо и да не се заглавите во гужва на концерти, е да носите пелени за возрасни.
Една од првите што ја откри тајната на „TikTok“, беше Кетрин, која присуствуваше на концертот во Хјустон, Тексас.

Таа сподели скриншот од оглас на „Амазон“ за пакување пелени за возрасни „LivDry“.
Кетрин рече: „Количината на стрес и времето што ми беше потребно за да набавам билети за Тејлор Свифт, е голема жртва, па така сега нема да пропуштам ниту една минута“.

И нејзините зборови одекнаа кај другите корисници на социјалните мрежи кои во огромно мнозинство се согласија.

 

 

 

Еден напишал: „Исто, не пропуштам ниту една секунда“.

Друг додаде: „За сумата на пари што ја потрошив на концертот. Исто. Можеби нема да пијам вода цел ден“.

А трет едноставно рече: „Ова е паметно“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *