„Овие момци се вистинските победници на Светското првенство!“ Јапонците уште еднаш докажаа зошто се светлосни години пред сите останати и освојуваат милиони поддржувачи ширум светот

Јапонските навивачи продолжуваат да освојуваат армија поддржувачи на интернет, бидејќи тие повторно останаа да го исчистат стадионот и покрај тоа што гледаа како нивната екипа губи од Костарика.

 

 

Откако нивните фудбалери забележаа шокантна победа над Германија во првиот натпревар, јапонските навивачи беа уништени откако Кејшер Фулер од Костарика ги украде сите три бода на минатиот натпревар.

 

Сепак, иако многу љубители на фудбалот ќе беа вознемирени, навивачите на Јапонија уште еднаш ја покажаа својата класа со тоа што останаа да го исчистат стадионот „Ахмад Бин Али“ во Катар.
Јапонските поддржувачи добија широка поддршка, откако беа сликани како чистат не само за нивниот натпревар против Германија, туку и за време на отворањето на Светското првенство, Катар против Еквадор.

 

Еден корисник на социјалните мрежи рече: „Овие момци се вистинските победници на Светското првенство!“

Во меѓувреме, официјалниот профил на „ФИФА“ вели: „Во победа или пораз секогаш имаат почит. Ви благодариме што им помогнавте на #SaveThePlanet, фанови на Јапонија!“

Друг навивач рече: „Почит за навивачите на Јапонија и по поразот со 1-0 од Костарика“.

Играчите исто така после секој натпреват соблекувалните ги оставаат перфектно средени.

Сликите споделени на социјалните мрежи покажаа дека подот е изметен, ѓубрето подредено на уредни купишта, па дури и прозорците оставени отворени за вентилација во соблекувалната во Јапонија по нивната победа од 2-1.


Играчите исто така оставија лебеди од Оригами и белешка за благодарност на јапонски и арапски.

Јапонските навивачи објаснија зошто собираат ѓубре и чистат – дури и на натпревари во кои не е вклучена нивната нација.

Еден навивач изјави за Ал Џезира: „Нашето срце е чисто, па трибините мора да бидат чисти. Ова значи дека тимот ја достигнува својата судбина“.

Назад во 2018 година, по срцепарателниот пораз во последните моменти од осминафиналето на Светското првенство со Белгија, тие заработија огромна почит кога ја расчистија арената „Ростов“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *