Овој пријател би отишол во затвор за вас! Урнебесен момент кога КУЧЕТО ЧУВАР на нарко-бандата легнува на земја додека ги апсат неговите сопственици во Бразил

СТАВЕТЕ ГИ ШЕПИТЕ ЗАД ГРБ!

Полицајците за наркотици уапсија тројца мажи на ранч во Хортоландија, државата Сао Паоло, во четвртокот, а на снимката од рацијата се гледа како тие лежат со лицето надолу на подот со рацете врзани зад грб. Но големиот верен ротвајлер на бандата решил да се предаде и паднал покрај тројцата осомничени.

Полицајците од имотот заплениле 1.176 тули во кои имало 1,1 тон марихуана. Според полицијата за наркотици, дрогата била испратена во куќата во Хортоландија од Кампо Гранде, државата Мато Гросо до Сул. Но, полицијата го надгледуваше имотот и влезе кога пристигна испораката. Полицајците веруваат дека дрогата била наменета да се продава во и околу Кампинас, државата Сао Паоло.

Кучето останало на имотот кај жената сопственичка на земјиштето околу куќата, за која полицијата вели дека не е вклучена во трговија со дрога. Полицајците ќе се вратат на ранчот денес за да го проверат ротвајлерот и две други кучиња за да видат дали треба да се повикаат службите за заштита на животните.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *