Па, не може да одат само Американците: Кина се подготвува за нова мисија на Марс и тоа овој пат со хеликоптер!
Кина се подготвува да ја испрати својата следна мисија на Марс, која вклучува користење на хеликоптер за собирање примероци од почвата. Мисијата наречена „Tianwen-3“ е закажана за 2030 година и вклучува пар ракети „Long March 5“ кои ќе испратат две вселенски летала на Црвената планета.
Еден од главните елементи на оваа мисија е собирањето примероци од почвата од површината на Марс и нивното доставување до Земјата. За таа цел Кинезите можат да користат робот кој оди или хеликоптер сличен на беспилотното возило на НАСА „Ingenuity“.
Прототипот на хеликоптерот беше претставен уште во 2021 година од Кинеската академија на науките. Доколку се остварат плановите, Кина ќе стане втората земја по САД што ќе користи хеликоптер за истражување на Марс.
Собраните примероци од почвата ќе бидат испратени во орбитата на Марс со помош на возило во две фази, кое потоа мора да се приклучи на модулот за враќање. Ова е многу сложена операција која може да биде клучна за успехот на мисијата.
Сепак, неодамнешните проблеми со кинескиот ровер Журонг, кои беа поврзани со проблеми во комуникацијата, предизвикуваат одредена загриженост. Од неговото пристигнување на Марс во мај 2021 година, тимовите не можат да комуницираат со роверот и тој е во хибернација. Ова може да биде предизвик за следната мисија, а Кина ќе има многу работа за да го обезбеди нејзиниот успех.
И покрај потенцијалните проблеми, мисијата „Тианвен-3“ би можела да биде ново достигнување за кинеската вселенска програма, а ако се оди според планот, ќе донесе многу интересни податоци за Марс и неговиот можен живот.
Коментирај анонимно