X

Човеков се снима како шета надвор на -50 степени

Жител на Јакутск, главниот град на Руската Република Саха, се снима за време на студена прошетка на -50°C. Јакутск е најстудениот град во светот, а човеков имал некаква работа да заврши, спомна некакви подароци. Сè уште не е јасно која е таа сила што може да натера некого да излезе надвор на вакво време.

Еден скијач добри ладно туширање какво што не добил во животот, откако една водоводна цевка пукна точно под него

Скијачот беше во безизлезна ситуација, затоа што жичарата застана точно над силниот млаз вода од цевката. Инцидентот се случи во скијачкото одморалиште Бич Маунтин во американската држава Северна Каролина. Ладниот туш траеше околу 2 минути.

Човек започна потрага по „љубовта на неговиот живот“ која ја запознал пред 12 години на одмор

Дванаесет години откако се запознале, маж од Хал започнал потрага за да ја пронајде својата летна љубов. Џордан Скот, кој сега има 25 години, бил на рагби патување во Хал КР во Франција кога ја сретнал 13-годишната Кејти покрај базенот. Откако неодамна ги открил љубовните писма од неговиот летен пламен – кои ги пишувал кога …

Фотосесија која претвори двајца млади бездомници во ВИП личности

Интересна и многу хумана идеја. Проектот има за цел да покаже дека бездомниците се луѓе како секој од нас. Го реализираа волонтери од рускиот град Краснојарск, а резултатот е повеќе од изненадувачки. Двајцата бездомници се неверојатно убави луѓе кои за жал животот ги фрлил на улица, без парче леб и покрив над главата.

Мајка дава сѐ од себе само за да успее да ѝ најде маж на својата ќерка и има добра причина за тоа

Мајка од Бостон се надминала себе си во обидот да најде партнер за својата ќерка. 61-годишната Бет Дејвис се здружи со апликацијата за запознавање Wingman за да го објави профилот за состанување на нејзината 30-годишна ќерка Моли, на Тајмс Сквер, во вид на огромен билборд откако нејзината трогателна приказна го привлече вниманието на основачот на …

Толку „блиску“, а толку „далеку“: Зошто Австралија и Нов Зеланд се толку различни земји

Овие две земји луѓето често ги доживуваат како речиси еднакви, делумно секако затоа што и двете се, така да се каже, барем во наша географска смисла, на крајот на светот. Сепак, разликите меѓу нив можат да бидат поголеми, а вие, откако ќе ја прочитате оваа статија, одлучете која земја повеќе би сакале да ја посетите. …

Кочии со коњи, гатање од дланка и танцување во костими: Оживеан најголемиот саем на Ромите во Европа

Еднаш годишно на северот на Англија се случува речиси филмска сцена: илјадници коњи во реката, стари дрвени кочии и запреги паркирани покрај брегот, музика во воздухот и весела екипа во шарени костими. Имено, во Камбрија (поточно во Еплби) секој јули се собираат околу 10.000 Роми и Шкотски или Ирски патници со своите каравани и коњи. …