Пар од Британија засолниле Украинка, а таа подоцна им ги уништила животите. Исповед на мажот кој зажалил што се заљубил во Украинката
Тони Гарнет (30) и раскинал на својата десетгодишна партнерка Лорна Гарнет (28) за да биде со Софија Каркадим (22), само 10 дена откако таа пристигнала во нивниот дом во Бредфорд.

Само четири месеци подоцна, тој сега тврди дека раскинал со Софија и ја исфрлил од нивниот изнајмен дом, откако ја обвинил дека не може да се справи со алкохолот, дека употребувала нож за да оштети ѕид и дека му се мешала во врската со неговите две ќерки.
Лорна, мајката на двете деца на Тони, сега им кажала на своите пријатели дека „знаела дека ќе заврши со катастрофа“ за нив, но била изненадена што тоа се случило толку брзо.

Еден пријател, наводно, рекол дека Лорна била повредена од постапките на Тони, но останала силна и дека „целиот нејзин фокус бил на децата“.
Тони тврди дека работите дошле преку глава, кога во саботата навечер додека го прославувале неговиот 30-ти роденден во нивниот дом во Бредфорд, Западен Јоркшир, Софија избувнала. Тој на крајот повикал полиција откако Софија очигледно оштетила ѕид.
Тој рекол: „Не можам повеќе да го издржам нејзиното злоставување и гнев. Ги оставив Лорна и моите две деца за неа и ги вложив сите дополнителни напори за да ѝ биде подобро“.

„Работев толку напорно за да функционира оваа врска. Знаев дека ќе изгледаме како кловнови ако раскинеме затоа што имаме заеднични профил на социјалните мрежи и сето внимание на нашите следбеници е насочено кон нас. Исто така искрено ми беше жал за неа. Таа го напушти својот дом и својата земја која беше во војна и не познаваше никого овде“
„Да, чувствував и мислев дека сум заљубен во неа. Но, има една нејзина страна која едноставно не можам повеќе да ја трпам. Таа станува лута и агресивна“.
Расправијата се случила кога со парот престојувале уште двајца украински бегалци – Софија Расторхуиева и нејзиното момче Илија Троневич. Тие се вселиле кај Тони и Софија откако тој видел очајна жалба од нив на „Фејсбук“, барајќи сместување.
Тони додава: „Направив грешка кога стапив во врска со Софија. Како што кажав претходно, мојата врска со Лорна веќе беше завршена и бев навистина несреќен. Но, ова не беше вистинската работа за мене. Се обидов да и помогнам. Навистина сакав.
Тони и Лорна првпат дојдоа во контакт со Софија, откако аплицирале да бидат дел од владината шема за бегалци затоа што сакале да им помогнат на луѓето кои бегаат од војната во Украина. Но, Тони станал нестрплив за тоа колку долго трае процесот и се приклучил на групите на „Фејсбук“, кадешто Украинците бараа помош. Тој стапил во контакт со Софија преку една од групите и таа пристигнала во Англија на 4 мај и веднаш отишла да живее во Бредфорд со него и Лорна, како и нивните ќерки на три и шест години.

Тони и Софија почнале да разговараат на јазик што Лорна не го разбирала, затоа што Тони зборувал словачки, кој е сличен на украинскиот. Но, на крајот нашле изговори за да се допираат и да се четкаат еден со друг, па така и работите во куќата станале напнати.
Двојката подоцна зборувала и за нивните надежи да се венчаат и да имаат свои деца, откако на Тони му била вратена вазектомијата, но сето тоа пропаднало.
Сега Тони е пред вистински животен предизвик, затоа што лесно и брзо си го променил сам својот тек на дотогашниот живот.

DA I KAZES NA ZENATI, DA GO PRIMIME DEVOJCEVO OD UKRAINA, KUTROTO, E ISTO KAKO ONA DA TI KAZE, DA GO ZEMEME CRNCEVO SO POLA METRO ZIVA MERA, NE RADI DRUGO, TUKU DA MU POMOGNEME… jas neznam kako pa veruvaat deka pomagaat…
Коментирај анонимно