Пар потрошил 7000 евра за реновирање на комбето и тргнале на пат низ Европа за да го живеат својот сон

Двојката одлучила да се откаже од својот нормален живот за да патува низ Европа, трошејќи само 6.000 фунти (7000 евра) за реновирање комбе.

Машиновозачот Даниеле Меи (40) и неговата партнерка Кјара Ролер (39) од Рим, го напуштиле секојдневието за нов начин на живот на патот.

Парот, кој претходно имал двособен стан, решил да го пренамени Fiat Ducato во свој дом за да може да патува низ Европа. Работата траела околу четири месеци, а Даниеле и Кјара потрошиле околу 6.000 фунти на неа.

Тие рекоа: „Ние сме заедно четири години, така решивме да изградиме камперван за да можеме да ја живееме нашата страст. Не планиравме секогаш да живееме во комбе, тоа едноставно се случи, еден ден рековме дека би било одлично да имаме комбе и самите да го направиме. Дневно работевме на комбето, а навечер одевме на работа. Ние правиме многу спортови на отворено и комбето може да ни овозможи да бидеме токму онаму каде што сакаме да го играме спортот што го сакаме“.

Попатно, парот наишол на неколку проблеми, како што се кршеле предмети на нерамни патишта или замрзнати цевки под тушот. Сепак, велат дека реновирањето вредело.

Тие го живеат својот сон веќе осум месеци и за тоа време поминале повеќе од 9656 килоемтри во Италија, планирајќи да одат во Португалија и Грција.

Тие рекоа: „Животот на пат не е за секого, но ние го сакаме, патувањето ви дава толку многу слобода и толку многу нови искуства“.

 

 

 

 

 

 

 

 

  • THE IRON HEART напиша:

    Bravo 🙂 ako ne se odlucile za dete

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на THE IRON HEART Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *