Патува со приватни авиони и е „мачкин“ модел: Како богатата мачка на Карл Лагерфелд, Шупет, си доби наследство во вредност од 1,5 милиони долари?
Карл Лагерфелд и остави на својата мачка Шупет 1,5 милиони долари во тестамент. Тој почина во 2019 година на 85-годишна возраст, но не е јасно како точно мачката ќе ги стави своите шепи на огромното наследство.

Стана сè попопуларно за ултра богатите да остават милиони на своите сакани миленици за да можат да го задржат својот животен стил од високата класа откако нивните сопственици ќе починат. Сепак, логистиката за оставање на многу пари на домашно милениче е малку чудна.
Шупет сега е побогатa од повеќето луѓе на планетата. Можеме да ја замислиме нејзината вечера во најскапиот сад со дијаманти – ако воопшто се осмели да јаде таква природна храна за домашни миленици – во нејзините дизајнерски чинии „Lucy Balu x Choupette“ и да спие само на најмекиот кревет.

Како што веќе покажува нејзиниот „Инстаграм“, таа патува со стил, во носач на „Lucy Balu x Choupette“ од 250 долари или во носач од Луј Витон од 2.000 долари – далеку од стандардниот мрежен носач од Амазон од 20 долари. Таа исто така лета со прекрасни приватни авиони.
Таа е дури и премногу кул за Мет Гала, при што се гледа дека мачката се одлучила за пладневна дремка дома наместо да се појави на ексклузивниот настан – иако референците за неа секако беа во изобилство.

Па, како сино-кремастата мачка Бирман ги наследува нејзините милиони?
Едноставниот одговор…
Таа не ги наследува.
Во Франција, каде што живее Шупет – како и во САД и Обединетото Кралство – миленичињата се сметаат за сопственост и затоа не можат да наследат ниту цент.
„Во Франција не можете да именувате милениче како корисник. За да може корисникот да добие наследство, тоа треба да биде физичко лице или фондација“.
Сепак, сè уште има повеќе начини на кои може да се остават зад себе пари за да се обезбеди благосостојба на домашно милениче. Иако, не е јасно кој метод го избрал Лагерфелд.
Најчестиот метод е да се остават парите на новиот чувар, бидејќи животното може да му се остави на некој во тестамент.

Мачката на Лагерфелд, исто така, има свој извор на приход, вклучувајќи манекенска работа, соработки како Луси Балу и плус што таа е тема на две книги, меѓу сѐ останато.
„Таа има свое мало богатство“, рече еднаш Лагерфелд. „Таа е наследничка. Ако нешто ми се случи, тој што ќе се грижи за неа нема да живее во мизерија. Таа е богата девојка!“
Лагерфелд можел да создаде и фондација која има единствена мисија да се грижи за малата Шупет. Меѓутоа, во Германија – каде што е роден Лагерфелд – може да се остават пари за животно.
Независно од тоа како Лагерфелд ги оставил парите за Шупет, малечкото маче го живее високиот живот по неговата смрт.
Бидејќи Мет Гала минатиот понеделник беше во чест на дизајнот и модната кариера на нејзиниот татко, Шупет откри дека била поканета да оди на црвениот тепих во знак на „почит кон тато“, но таа се одлучила за попријатно искуство.

„Ние му оддаваме почит на татко ми секој ден од неговата разделба и многу сме трогнати што гледаме уште еден ден посветен на него“, напиша таа на „Инстаграм“.
Во февруари, мачката ја одбележа четвртата годишнина од „избрзаното“ заминување на нејзиниот татко велејќи дека тој „секогаш“ ќе биде во нејзиното срце.
„Веќе не си таму каде што беше, но сеуште си таму каде што сум јас… ми недостигаш тато“, „напиша таа“.

Коментирај анонимно