Пензионерка која едвај се движи на доста иновативен начин се обидела да ограби банка во Њу Орлеанс

Некои ограбувачи на банки се извлекуваат од својот криминал, но повеќето се фатени и казнети.. Без разлика дали ќе се извлечат со ограбување банки или не, сите тие во одреден момент даваат „отказ“ од таа професија.

Како и секоја професија, секогаш има такви кои не знаат кога да се откажат од неа. Една 63-годишна жена која се обидела да ограби банка во Њу Орлеанс е еден од таквите ограбувачи на банка.

 

Кети Лин Хамилтон минатиот петок влегла банка во Њу Орлеанс со помош на шетач и нормално си чекала да ѝ дојде редот. Кога дошла на ред преку шалтерот ѝ пуштила белешка на службенчката на која пишувало: „Вашата банка е ограбена, ставете пари во торба или ќе има повредени“

 

Службеничката ѝ дала 500 долари на Хамилтон, а потоа таа пополека излегла од банката со својот шетач. За жал не стигнала предалеку, чуварот на банката ја стигнал и ја вратил во банката.

Полициската управа на Њу Орлеанс пристигнала набргу потоа и Хамилтон била уапсена. Таа потоа била предадена на ФБИ.

Излегува дека тоа што сте постара жена со шетач не значи дека треба да влезете во банка и да барате пари. Тоа е сè уште кривично дело во кое се меша ФБИ.

 

Како што веќе навестивме ова не е првиот грабеж за Хамилтон. Всушност таа пробала да ограби банка пред неколку години. Во 2014 предала иста таква белешка преку шалтерот, но си заминала со празни раце откако службеничката не реагирала на барањето. И бидејќи не е баш најдобар планер на бегства, таа се обидела да бега со велосипед. Хамилтон се изјаснила за виновна во 2015 и била осудена на две години затвор.

Мора да ѝ честитаме за храброста и тоа што не се предаде и одби да дозволи еден шетач да ја спречи во она што очигледно сака да го прави, но не знае да го прави.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *