Пензионерка од Велика Британија доби вила на лотарија вредна 5,3 милиони евра, но изигра паметно и стана милионерка преку ноќ

77-годишната Џун Смит од Есекс го доби животниот џекпот кога преку британската лотарија за куќи освои имот вреден 4,5 милиони фунти (5.3 милиони евра) покрај морето во Корнвол. Од еден миг на друг, таа премина од живот на скромна пензија до сопственик на палата. Но, најголемата радост не и ја донесе луксузот, туку продажбата на вилата после само едно лето, со што обезбеди финансиска сигурност за целата своја фамилија.

Пензионерка од Велика Британија доби вила на лотарија вредна 5,3 милиони евра, но изигра паметно и стана милионерка преку ноќ

Џун го освои имотот од 4,5 милиони фунти токму година по смртта на сопругот и го продаде за да ѝ помогне на фамилијата

Џун е вдовица, која минатата година го загуби сопругот Рон со кого била во брак цели 43 години и подигнала три деца. “Отидов од живот на пензија до куќа од милиони. Така лудо звучи дури и кога ја изговарам мислата. Искрено мислев дека сите тие лотарии се измама. Седев дома, спремна за тивка петочна вечер и одеднаш од лотаријата беа на мојот праг и ми кажаа дека сум добила имот од 4,5 милиони фунти. Бев шокирана! Првото што направив беше да ги побарам децата и да ја споделам добрата вест. Второто беше да отворам едно добро црвено вино. Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ, тоа ни ги смени животите. Се уште како да сонувам некои денови. Моите внуци трчаа наоколу низ вилата целиот летен распуст и не би сакала ни да биде поинаку. Последниот пат кога одевме на одмор сите бевме во караван! Ова беше нешто сосем друго и тие моменти ќе останат засекогаш со нас.”, вели Џун.

 

Џун го освои имотот од 4,5 милиони фунти токму година по смртта на сопругот и го продаде за да ѝ помогне на фамилијата

Со приходот од продажбата ги отплати долговите и им помогна на сите деца и внуци, но најпрво си дозволи едно незаборавно лето во луксузот

Вилата со шест спални соби и три ката имаше спектакуларен поглед на заливот Фавеј. Џун одлучила имотот да го продаде по едно лето поминато со семејството, па финансиски ги обезбеди сите свои внуци – помогна со купување куќи, отплати хипотеки и отвори нови бизниси. Таа признава: „Знаев дека ќе ја продадам вилата, но сакав прво да поминеме едно вистинско фамилијарно лето таму. Моите внуци буквално ги истражија сите катчиња од вилата и тоа беше нашиот најубав одмор кој сме го имале. Најубавиот дел не е ни самата победа, туку тоа што овозможив на моите блиски да започнат нова глава од животот без грижи. Сите мои деца сега се во одлична позиција, а успеав да им помогнам да започнат бизниси кои сега носат финансиска сигурност. И најдоброто – уште ми остана доволно за црни денови!”

Џун се сели во Фавеј и ја наоѓа вистинската среќа, каде што сите се чувствуваат како дома

После продавањето на вилата, Џун не можела да се одвои од прекрасна Корнвол и купила нов дом во Фавеј, каде што ужива во локалните пабови, прошетки по пристаништето и традиционалните јадења. „Сите беа толку пријателски, навистина се чувствувам како дома. И сега секој ден се будам и мислам дека сонував. Нема повеќе грижи – тоа е непроценливо по себе. Оваа лотарија не само што го смени мојот живот, туку и на целото мое семејство. Победата на оваа лотарија беше најспецијалниот ден, но секој ден потоа е уште посвесно колку тоа ми овозможи да направам за фамилијата.”

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *