„Пешкир до пешкир“ видеото од плажа во Макарска ги шокира туристите кои велат: „Ова веќе не е одмор“
Ако планирате летување на Јадранот, ова видео ќе ве натера двапати да размислите.
Снимката од една од најпознатите плажи во Макарска покажува сцена во која речиси и да нема слободен сантиметар. Пешкири, лежалки, чадори и луѓе – буквално еден до друг, без простор ниту за нормално движење.
Видеото за кратко време стана вирално и предизвика лавина коментари. „Ова не е одмор, туку замор“, „Како некој може да се опушти во ваква гужва?“ – пишуваат дел од корисниците.
Од друга страна, многумина велат дека ваквите сцени не се ништо необично во шпицот на летната сезона и дека во јули и август најпопуларните плажи на Јадранот редовно изгледаат вака.
Погледнете го видеото и проценете сами – дали би летувале на плажа каде што нема место ниту за еден чекор?

Коментирај анонимно