Пиеш сок, пушиш, јадеш крофни? Според САД – не заслужуваш здравствено осигурување! Секретарот за здравство излезе со луда идеја
Секретарот за здравството Роберт Ф. Кенеди Џуниор предизвика бурни реакции со својата изјава дека Американците кои јадат крофни, пијат газирани пијалаци или пушат, не треба да очекуваат бесплатна здравствена грижа.
„Ако пушиш три пакувања цигари дневно, треба ли општеството да плаќа кога ќе се разболиш?“, изјави тој во интервју за CBS, како дел од иницијативата „Да ја направиме Америка повторно здрава“.
Кенеди додаде дека луѓето имаат слобода да „јадат крофни цел ден“, но не можат да очекуваат општеството да сноси последици за нивните избори, бидејќи тие „предвидливо“ може да се разболат.
Нездрави навики и јавни трошоци – мора ли општеството да плаќа?
Кенеди, кој претходно бил зависник од алкохол и хероин, одамна се залага за престанок на субвенционирање нездрава храна преку програмата за помош со храна (SNAP). Газираниот пијалак го нарекува „отров“, а неодамна повторно го истакна ставот дека е време економските поттикнувања да се усогласат со јавното здравје.
„Треба ли некој кој јаде нездраво да добие иста здравствена грижа како лице родено со вродена болест?“, праша Кенеди.
Тој не предложи директно кратење на Medicaid или други програми, но неговата порака е јасна – одговорноста треба да биде кај поединецот.
Контроверзии и поделени мислења
Изјавите на Кенеди предизвикаа различни реакции. Џоан Алкер од Универзитетот Џорџтаун го обвини дека сака „прекумерно навлегување на владата во животите на луѓето“. Таа предупреди дека ако се почне со ограничувања за пушачи и љубители на газирано, „каде ќе застане тоа?“
Од друга страна, Мајкл Кенон од либертаријанскиот Институт Кејто го поддржа: „Уставот не споменува ништо за здравство, а уште помалку за крофни и цигари. Луѓето треба да ја сносат цената за своите избори.“
Од Министерството за здравство изјавија дека Кенеди не сака да срами никого, туку сака да „вдиши моќ на поединецот со подобри опции“.
И покрај неговиот став, некои го гледаат како спротивставување на претседателот Трамп, кој е познат љубител на Диетална Кока Кола и брза храна. Сепак, фактите се јасни – речиси една третина од Американците се на државно здравствено осигурување, и тие имаат повисоки стапки на пушење и дебелина од приватно осигураните граѓани.
Poranesen alkoholicar smeta deka sokot e otrov 😂😂😂 da ne znaes dali da se smees ili da places🤦♂️
Коментирај анонимно