Плата за живот! Краток српски анимиран филм кој е наменет да не разбуди сите, на цел Балкан! Гледајте и споделувајте!

Во филмот детално е објаснето зошто сме таму каде што сме, на дното и зошто уште тонеме.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

  • #само мисла напиша:

    Универзална основна плата е стар утописки концепт. Видеото е популистичко. Проблемот што го имаме како регион е ниско развиена економија. Ниско развиена економија = ниски плати. Економија на државно ниво се развива со поседување капитал, поседување природни ресурси или поседување високо квалитетно образовано население. Нашиот општествен капитал го јаделе и континуирсно го јадат политичките елити, природните ресурси се или лимитирани или се ставени во погон за профит на политичките елити а за жал и образованието е слабо по квалитет (компарирано со други општества) и ниско на скалата на вредности при вработувања. Кај нас е важна дипломата а не знаењето, главен работодавец е државата. Имај диплома па ќе се вработиш ако си близок со некоја партија. А у железара, баргала ич не треба да си образован, треба само дс го дадеш твоето тело. Таму нивото на додадена вредност од твоите раце е сведено на 0. Има слободни раце и на други пазари на труд што се спремни да работат за таа мизерна плата што ти ја презираш. Кај нас Ги натераа текстилците да покачат плати, затворија сите погони, капиталот си отиде од таму. И сега несреќни се и работниците и газдите и државата. Нема ни плата, ни профит ни даноци. Приказната треба да се гледа од пошироко а не да се трга од чувствата и желбите на поединецот. Видео што не дава одговор во глобално економски контекст како да се постигне повисока плата за сите е само едно популистичко Блуење глупости.

    • Македонец напиша:

      👏одлично кажано. Со видеово само депресијата ја будите. Држете се до ведри теми на хумор и еротика. Баталете депресија, ја имаме доволно 🫤

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Македонец Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *