„Платете или вашето куче ќе биде евтаназирано“: Интернет измамници уценуваат сопственици на изгубени миленици со помош на АИ

Сајбер-криминалците пронајдоа нов и крајно суров начин за изнуда на пари од луѓе чии домашни миленици исчезнале. Со напредни алатки за вештачка интелигенција, тие создаваат реалистични монтирани фотографии од изгубени кучиња и мачки, тврдејќи дека животните се тешко повредени. Потоа бараат големи суми за откуп, заканувајќи се дека, ако парите не бидат исплатени, миленикот ќе биде еутаназиран.

„Платете или вашето куче ќе биде евтаназирано“: Интернет измамници уценуваат сопственици на изгубени миленици со помош на АИ

Бил Козенс ја проверил адресата на клиниката и сфатил дека таа воопшто не постои

Бил Козенс од Флорида за малку ќе станел жртва на ваква измама откако неговиот бигл микс, Арчер, избегал од дворот.
Откако сопственикот објавил апел со фотографии на социјалните мрежи, набрзо му се јавила непозната жена. Таа тврдела дека кучето го удрил автомобил и дека се наоѓа на итна операција за која веднаш се потребни 2.800 долари.
За приказната да изгледа уверливо, измамничката му испратила застрашувачка фотографија генерирана со вештачка интелигенција, на која кучето навистина лежи на ветеринарна операциона маса. Но сопственикот навреме забележал дека адресата на наводната ветеринарна клиника не постои. Вистинскиот Арчер набрзо бил пронајден жив и здрав од соседите.

Бил Козенс ја проверил адресата на клиниката и сфатил дека таа воопшто не постои

Во Сан Хозе, сопственичка добила монтирана слика од своето куче во прифатилиште

Сличен случај се случил и во Калифорнија. Сопственичка на изгубено куче добила порака со монтирана фотографија од нејзиното милениче во локално прифатилиште за животни во Сан Хозе.
Измамниците тврделе дека кучето мора веднаш да се оперира и дека, ако не префрли пари во рок од неколку часа, персоналот ќе мора да го успие.
Исплашената жена директно се јавила во прифатилиштето. Надлежните веднаш потврдиле дека кучето воопшто не е кај нив.

Во Сан Хозе, сопственичка добила монтирана слика од своето куче во прифатилиште

ФБИ регистрира над 893 милиони долари загуби во повеќе од 20.000 случаи со измами поддржани од вештачка интелигенција

Според официјалниот извештај на ФБИ за компјутерски криминал, измамите поддржани со вештачка интелигенција во изминатата година предизвикале пријавени загуби од над 893 милиони долари, низ повеќе од дваесет илјади одделни случаи.
Федералната трговска комисија и организациите за заштита на животните предупредуваат дека најважниот знак за препознавање измама е начинот на кој се бара исплатата. Ако некој тврди дека го нашол вашето животно, но инсистира парите за преглед или враќање да бидат уплатени исклучиво преку дигитални апликации, гифт-картички, криптовалути или онлајн трансакции, без сомнение станува збор за измамник.
Експертите советуваат секогаш да побарате видеоповик во живо со миленичето или да поставите конкретни прашања за детали што не се гледаат на објавените фотографии на интернет, како што се бојата на ремчето, специфични белези или тежината на животното. Примопредавањето секогаш треба да се организира лично, на јавно и безбедно место.

ФБИ регистрира над 893 милиони долари загуби во повеќе од 20.000 случаи со измами поддржани од вештачка интелигенција

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *