Плавушата отишла расплакана на работа и шефот се загрижил (виц)

Дошла плавуша на работа расплакана и шефот ја прашал:

-Што се случило? Зошто плачеш?
-Утрово ми јавија дека мајка ми починала.
-Прими го моето сочуство – рекол шефот. – Подобро ќе биде да одиш дома, да се совземеш малку.

Не – рекла русокосата – подобро ќе ми биде ако работам нешто. Ќе ги избркам тажните мисли.

И така, русокосата останала на работа, но по половина час, од нејзината канцеларија се слушнало хистерично плачење. Дошол шефот и ја прашал:

-Што се случило сега?
-Несреќата никогаш не доаѓа сама – рекла русокоста плачејки. – Пред малку ми се јави сестра ми… и ми кажа дека и нејзе ѝ умрела мајка ѝ!

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *