„По осум години на апликации за запознавање ми дојде преку глава“ – Ѝ здодеало да го чека вистинскиот маж, па ги преземала работите во свои раце

Стејси Томсон сакала деца, но не можела да најде совршен маж со кој ќе ги има. Потрагата по г-дин Совршен престанала да биде забавна пред неколку години, и таа била загрижена колку време ќе ѝ треба да го најде за потоа да основа семејство.

„Отсекогаш сакав да бидам мајка, но на 41 година – знаев дека времето е против мене“, изјави Стејси.

 

„Мажите со кои се совпаѓав беа повеќе заинтересирани да ми дадат до знаење дека само „бараат убаво да си поминат“, отколку да откријат што барам јас. Тие дури тоа го кажуваат по само неколку реда разговор“.

Во исто време додека барала партнер, Стејси почнала да прави некои тестови за да го провери нивото на нејзината плодност. Таа сакала да знае точно колку време има пред да ги преземе работите во свои раце со донирање сперма.

 

„Моите резултати се вратија едно сончево јулско утро во 2020 година со веста дека јајниците буквално ми умираат. Откако открив дека ми остана многу малку време, донесов одлука да направам соло ин витро и да станам самохрана мајка. Искрено, мислам дека не си дадов доволно време да се откажам од тоа или да се исплашам. Знаев дека сум способна да бидам одлична мајка – едноставно би претпочитала и партнер“.

За три месеци Стејси останала бремена со синот Мајло, кој се родил пред 16 месеци. Сега таа е самохрана мајка, но ужива во секој момент од тоа и се чувствува среќно и исполнето.

Кога Стејси ќе разговарала за нејзината одлука да има бебе сама таа ќе се соочувала со груби коментари од мажите, како: „Ако сакаше сперма, требаше само да прашаш“ Во нејзиниот ум си рекла дека мора да има друг начин да се забавува, и затоа, сега задоволна од нејзината ситуација по раѓањето на нејзиниот син, Стејси го свртела вниманието на помагање на другите.

„Во 2022 година, лансирав сопствена апликација за запознавање, REDDI, за да ги поврзам луѓето кои сакаат сериозни врски, што се надеваме дека ќе доведе до создавање семејства. На нашите членови не им пречи ако нивната следна врска е ДОЛГА – тие сакаат таа личност да го сака истото како нив, на краток или на подолг рок, без никакви игри“.

Иако Стејси сè уште не го пронашла својот г-дин Совршен, таа била на неколку состаноци откако се родил Мајло. „Како нова мајка, немам време за некој нов во мојот живот во моментов, но сè уште се надевам“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *