По овогодинешното фијаско на „Австралија Опен“, на Новак Ѓоковиќ конечно ќе му биде укината забраната за влез во државата, а причината е новиот премиер

На Новак Ѓоковиќ се чини дека ќе му биде укината забраната за влез во Австралија навреме за тамошниот Грен слем во јануари.

Владини извори изјавија за медиумите во Мелбурн, дека на 35-годишниот Србин ќе му биде дозволено да се натпреварува на турнирот што го има освојувано девет пати претходно.

На невакцинираните патници сега им е дозволен влез во земјата, но на Ѓоковиќ му беше забрането влегување во земјата во наредните три години, по фијаското околу овогодинешниот „Австралија опен“.
Главна причина е промената на власта оваа година. Новиот премиер Ентони Албанес е добро познат тениски фан кој игра тенис неколку пати неделно.
Ѓоковиќ пропушти два Слема оваа година и на оној што го освои, Вимблдон, не можеше да освои ниту еден бод.

Поради тоа, неговиот пласман падна на 7-то место, а во негово отсуство шпанскиот тинејџер Карлос Алкараз се соочи со Норвежанецот Каспер Руд во финалето на „УС Опен“ во неделата вечер, при што победникот беше крунисан како светски број 1.

Следниот настап на Ѓоковиќ ќе биде на „Лејвер купот“ овој месец во лондонската „О2 Арена“. Во Австралија негов прв настап најверојатно ќе биде во ново натпреварување во мешани тимови на почетокот на јануари, што се очекува да биде предмет на најава оваа недела.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *